Официјално од МВР за вчерашното убиство во скопско Љуботен

од desk3
127 прегледи

Едно лице на возраст од 30 години вчера околу 21:00 часот беше убиено со прострелна рана од автоматско оружје во пределот на граднот кош во село Љуботен. Во врска со настанот во полициска станица се приведени четири лица и е извршен разговор со истите, додека пак по лицето осомничено за убиството интензивно се трага.

images (1)

Имено на  16.04.2015 година околу 22,15 часот во ГОБ„Св.Наум Охридски“ – Скопје бил донесен Џеваир М.(30) од с.Раштански пат при што од страна на лекар била констатирана смрт. По извршениот разговор со лицата кои го пренеле Џеваир М. во болница истите посочиле дека сторител на убиството е Т.Б.(21) од с.Љуботен. Извршен е увид на местото на настанот при што биле пронајдени и подигнати за вештачење траги од крв и една чаура. На настанот му претходела расправија и физички напад во попладневните часови на кружниот тек во населба Бутел поради сообраќаен прекшок. Вечерта од страна на семејството на Т.Б. бил повикан Џеваир М. со цел да ги расчистат недоразбирањата. Кога Џеваир М. со својот брат А.М.(23) пристигнале на влезот во селото Љуботен  од страна на семејството на Т.Б. биле повикани да дојдат до во близина на џамијата. Откако пристигнале на местото на настанот и започнале разговор со таткото и двајцата бра на Т.Б., истиот од нива во близина испукал еден куршум погодувајќи го Џеваир М.