The Daily Telegraph: “Турски поток” ќе ja промени судбината на Грција

од desk3
127 прегледи

Потпишувањето на договорот меѓу Москва и Атина за изградба на гасоводот “Турски поток” на грчка територија ќе ја промени судбината на задолжената Грција, пишува The Daily Telegraph, повикувајќи се на мислењето на висок член на владејачката партија СИРИЗА. Освен пари – 5 милијарди евра, кои Атина ќе ги добие, се очекува отворањето и на 20 000 работни места. Прашањето за потпишување договор беше разгледан при посетата на Алексис Ципрас во Москва пред неколку дена.

20150418.tcdohtjvrn

Ако Грција не склучи аранжман со доверители, таа ќе мора да плати 9 милијарди евра до крајот на 2015 година, а само во следните 30 дена износот е над 1,6 милијарди евра. Со парите на Русија овој долг може да биде делумно покриен, а долгот сАтина ќе го враќа преку транзитните такси откако гасоводот проработи.

Самата градба од грчко-турската граница до грчко-македонската граница се пресметува од 2 милијарди евра, а можно е таа да биде доделена на приватни компании.

Самото потпишување на договор меѓу Русија и Грција е прашање на денови, тврдат руските медиуми. Според нив, тоа може да се случи уште следната недела.