По денешното објавување на “Бомбата 23 од О. Центар”, Градоначалникот Андреј Жерновски по објавениот разговор од кој може да се заклучи како Груевски лично нарачува граѓанин од таканаречените верници да му урди пет-шест шамари на Жерновски, тој рече дека на Никола Груевски Груевски наскоро ќе се одвоиш од граѓаните преку решетки.
“Ти си политичар кој работи само за провизии, ти не работиш 24 часа, ти со во комбе и бараш погодни плацеви за тебе и фамилијата. Мене ми е чудно што не научи една работа-многу повеќе боли од еден шамар, шамарот што ќе го добиеш oд граѓаните на општина Центар и Република Македонија. Видовме дека ги злоупотреби твоите верници, за да ги спасиш твоите плацеви. Но наместо јас, ти доби пет шамари Никола-првиот, вториот и третиот во трите изборни круга во Центар, четвртиот на вонредните парламентарни, и петтиот на претседателските избори вториот круг-цело време губеше во Центар.Ти градиш споменици, скулптури, ние градинки и школи, ти сечеш дрвја-ние садиме, ние даваме веќе родителите да не плаќаат за физичко и англиски на своите деца во училиштата, ние не сме како тебе. Правиме референдум и уште еден шамар ќе добиеш НИкола. За крај Никола, твојот сон од она што го слушнавме е да се одвоиш од граѓаните преку 6- 7 метри ѕид на Водно, но ти ќе се одвоиш од граѓаните преку решетки, рече Жерновски.