Груевски во Брисел- ќе има ли нешто на повидок?

од desk3
95 прегледи

Државна делегација предводена од премиерот Никола Груевски денеска во Брисел ќе има средба со високи европски политичари, а целта ќе биде да интензивираат дипломатските контакти за да се надмине политичката состојба во Македонија,

images (1)

Како што јави МРТ се очекува  Советот на министрите за надворешни работи на ЕУ да разговараат за ситуацијата во Македонија и се очекува да се донесе заклучок за надминување на политичката криза во Македонија. Советот се очекува да изрази длабока загриженост за влошување на ситуацијата во земјава и да ги повика лидерите на сите политички партии да пристапат кон решавање на проблемите.