Почна судењето против “Златна зора”-ќе се одмотува “клопчето” за убиства на комунисти, египетски рибари…

од desk3
103 прегледи

Денес лидерите на грчката неонацистичка партија “Златна зора” ќе ги заменат пратеничките клупи со обвинителна клупа. Во Атина почна историски процес кој треба да се утврди дали политичкото движење се изедначува со криминална организација.

0555631001380704636_468541_600x458_actualno

Знак за значењето на сослушувањето се четири демонстрации на антирасистички движења, кои се планирани пред почетокот на процесот . На него ќе се појават како обвинети 69 лица.

Некои од нив се наоѓаат во притвор во затворот во Коридалос во западните предградија на Атина, каде во специјално прилагодена сала треба да се означи почетокот на процесот. Тој може брзо да продолжи на поголемо и повеќе централно место.

Други од обвинетите ќе се појават слободни. Таков е случајот на основачот и лидер на “Златна зора” Никос Михалолиакос, кој беше пуштен на слобода до крајот на март, по 18 месеци во притвор.

Според обвинението, тој е на чело на “криминална организација”, која од 2008 година почнува насилството против странци и против политичките противници.

Влезена за првпат во парламентот во 2012 година “Златна зора” е на трето место по изборите во јануари годинава, добиени од СИРИЗА.

Никос Михалолиакос ја окаратктеризира формацијата оваа недела како “националистичко движење”, “легална политичка партија”, а не “криминална организација”. Но месеците на судска истрага на партијата беа придружени со публикации во медиумите, кои откриваа бројни документи, слики и видеа, коие сведочеа за постоењето на “напаѓачите” на партијата, ноќните возења со велосипеди против странци, кампови во земјата со обука за употреба на автоматски оружје “калашников”.

Во куќата на број 2 на “Златна зора” во сопственост наХристос Папас полицијата откри мал музеј на нацизмот со свастиката и портрети на Хитлер.

Шокот кој го доживеа земјата, беше убиството на младиот антифашистички рапер Павлос Фисас, избоден во близина на Атина во септември 2013 г ..

Настанот го потресе јавното мислење и политичката класа по години на релативна пасивност против агресијата, насочена меѓу другото и против имигрантите. Освен за убиството на Фисас, на судскиот процес ќе стане збор и за обидот за убиство на четворица египетски рибари во јуни 2012 година и за нападот врз комунистички дејци во септември 2013 година.

Според обвинителството “не може да се смета за легитимно, здружение или организација која, под маската дека е политичка партија, има за цел со помош на физичко насилство или воено, да врши закани против човечкиот живот или физичката интегритет на граѓаните”, пишува АФП.