(ВИДЕО) Оставка на Зврлески – протести и блокада на Обвинителството

од Vladimir Zorba
83 прегледи

Лидерот на „Достоинство„ Стојанче Ангелов, денеска пред зградата на Јавното Обвинителство во Скопје, ја испорача својата политичка и граѓанска порака: секокдневен притисок, на пладне пред ЈО и оставка од обвинителот Марко Зврлески.

stojanche2ap

Освен неотповиклива оставка од Зврлески, тој побара и апсење на премиерот Никола Груевски, поради како што рече лидерот на Достоинство „информациите за тешките криминали и украдени милиони од држава“, пренесува А1Он.

Според Стојанче Ангелов, третото барање е обвинителстовото да одговори кога и со која одлука и наложило на МРТ да не ги емитува „бомбите“ на опозицијата и посочи дека Зврлески за тоа ќе треба да одговара и да биде кривично гонет./извор А1Он и видео и фото