Унијата на студентите Албанци (УСС) од Македонија ги повикаа сите свои членови, симпатизери и идни студенти да им се придружат во Скопје на утрешниот протест на средношколците и на студентите.
Во апелот од Унијата се вели:
„Образование во земјава е на крстопат. Протестираат студентите за деполитизација на образованието, а протестираат и средношколците, тие кои наскоро ќе бидат дел од академскиот кадар. На сите нам ни е потребно квалитетно образование. Ние цврсто го поддржуваме утрешниот протест и затоа ги повикуваме сите студенти – муслимани без никаков страв да ни се прудружат и заедно да кренеме глас за наше достоинствено образование. Протестот ќе започне утре во 12 часот на скопскиот универзитет“, се вели во апелот.
