Европската комисија е многу загрижена за заканите кон Јовановски

од Vladimir Zorba
114 прегледи

По Советот на Европа, ОБСЕ и Европската федерација на новинари, вечерва се огласи и Европската Комисија со остра осуда за заканите со смрт кон новинарот Борјан Јовановски.

Маја Коцијанчиќ

– Европската комисија е многу загрижена за последните закани против новинар во Поранешната Југословенска Република Македонија. Слободни и живи медиуми се основа на демократско општество. Комисијата ги повикува релевантните институции веднаш да го истражи ова и да ги изнесе виновниците пред лицето на правдата. Европската комисија повеќе пати ја изразила својата загриженост за медиумската состојба во земјата и повикала сите засегнат итно да се здружат за да го сменат трендот на влошување на медиумските слободи – рече Маја Коцијанчич, портпаролка на ЕК.