САД ја обвини Русија дека трупа војска во Источна Украина

од Vladimir Zorba
100 прегледи

САД ја обвинија Русија дека го зголемува военото присуство во Украина, пренесе  “Дојче Веле”. Во одговор на обуката што  ја спроведуваат американските воници  со националната гарда на Украина,Москва испратила 900 свои војници на границата.

188x140

Според портпаролот на Стејт департментот Мари Харф, од октомври 2014 година тоа е најбројно присуство на војници и техничари , по границата и на територијата на земјата.

Русија распоредила дополнителни системи запротиввоздушна одбрана во источна Украина и  ги обучува сепаратистичките сили во регионот , во прекршување на договорите за прекин на огнот, соопшти американскиот Стејт департмент.

Тоа е најголемото количество руско воздушна опрема во источна Украина од август , изјави во коминике портпаролот на Стејт департментот Мари Харф . Според неа, во обуката на сепаратистите, Москва користи и беспилотни летала.

Руската војска и силите на сепаратистите продолжуваат да ги кршат условите на мировниот договор, потпишан во Минск во средината на февруари, вели уште Мари Харф

Во последните недели борбите меѓу сеператистите и украинската армија во источна Украина повторно регрутира сила, иако примирјето , склучено во февруари,  ниту руските војници, ниту силите на сепаратистите  ја извадија целата артилерија и ракетни лансери надвор договорената тампон зона .

Освен тоа се повеќе сложениот карактер на воената подготовка на сепаратистите не остава никакви сомневања за едно евентуално учество на Русија.

Според податоците на ОН, жртвите од конфликтот се 6.000, а милиони ги напуштија домовите, барајќи спас од војната.