Деканот на правниот факултет „Јустинијан први“ , д-р Борче Давитковски поднел оставка поради долгорочни притисоци.
Давитковски, во својата оставка, посочува дека бил подложен на големи притисоци од страна на просветаната инспекција на факултетот да прими лица блиски на власта, а да ги одземе звањата на професорите Добринка Тасковска, Димитар Гелев и Томислав Гроздановски.Не сакал да потпише ништо што било спротивно на законите, ниту нешто што било неморално или неетички.
Добринка Тасковска во минатото владеење на СДСМ беше амбасадорка во Брисел, а д-р Димитар Гелев во јавноста е познат како критичар кон состојбите во општеството и политиките во високото образование
