Стефан Фул е видео блогер кој во своите тематски обраќања често пати издвојува различни земји од светот и споделува интересни факти за нив.
Во едно од нив се одлучил да го пренесе своето воодушевување од Македонија. Иако, како што вели тој, живеел цел живот како сосед на македонско семејство, бил мошне изненаден од карактеристиките на земјата по истражувањето кое го спровел.
Тој главно ги издвојува природните богатства и историските факти кои ја прават Македонија предводник во многу светски листи, а на кои многу од нас, Македонците, веќе поодамна имаме заборавено.
Ајде да видиме како изгледа Македонија низ 10 факти за еден странец, необременет од дневно политичките настани кои ни ја одмилија и природата, единствената која несебично и со љубов ја создавала оваа земја.