Тоа, пак, што е официјално, според портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, е дека СДСМ низ градовите континуирано ја шири вистината за Македонија. „Кога и дали ќе се одржи митинг во Скопје, ќе бидете благовремено информирани“, е одговорот на Шилегов на прашањето дали и кога СДСМ и опозицијата ќе одржат голем протест во Скопје, пишува Мета.

10003479_10153349235712932_4144663401118662305_n[1]

За масовниот протест се подготвуваат и другите опозициски партии, како што се ЛДП, НСДП и ЛП.

– Ние сме дел од опозицијата и, секако, ќе учествуваме во сите работи што опозицијата ги подготвува. Цврсто остануваме на нашиот опозициски став и сакаме оваа власт што поскоро да си замине – ни изјави Филип Јаневиќ, портпарол на ЛДП.

Генералниот секретар на партијата вели дека се мобилизира членството на ЛДП за општонародниот митинг што ќе се одржи во мај во Скопје.

– Контактираме со сите членови и симпатизери на партијата во сите населени места – вели Кукоски.

За Тито Петковски, претседател на НСДП, нема сомнеж дека треба да се излезе на улица.

– Општинските организации и членството се едногласни дека власта не реагира и по сите криминали објавени во јавноста. Еднинствен начин таа да си замине се континуирани протести. Засега се договараме за стратегијата, но сè уште нема одредено точен датум – вели Петковски.

И претседателот на ЛП, Ивон Величковски, тврди дека во моментов се во контакт со сите опозициски партии за „согледување на состојбата и за градење став за понатамошните чекори“.

Од ВМРО-НП информираат дека досега од СДСМ не добиле никаква покана за протест.

– Досега сме немале никаков контакст со СДСМ. Ако добиеме покана, за евентуално учество треба да одлучат телата на партијата – вели Љупчо Балковски, генерален секретар на ВМРО-НП.