Тајниот “објект” на ЦИА во Романија

од desk3
104 прегледи

 

Со години романските власти негираа дека на територијата на земјата имало таен затвор на ЦИА. По индиректните признанија на поранешниот шеф на државата Илиеску, темата е повторно на дневен ред.

0,,15849944_303,00

Интервјуто со Јон Илиеску предизвика хулигански медиумски одек во Романија. Во него поранешниот претседател индиректно зборува за тоа дека во земјата постоел затвор на ЦИА, макар и да го нарекува само “објект”: На крајот на 2002 и почетокот на 2003 година “нашите американски сојузници не замолија да им посочиме” објект “, вели Илиеску, кој додава дека како тогашен претседател дал принципиелна согласност.

Поранешниот претседател тврди во интервју дека не знае каде се наоѓал предметниот “објект”, бидејќи за деталите своевремено се грижел поранешниот началник на надворешното разузнавање Јован Талпес. Досега Илиеску постојано одрекуваше дека знаел нешто за таен затвор на ЦИА во Романија. Тој тврди дека не знаел ништо и за активностите на Американците на територијата на “објектот”: “Станува збор за гест на добра волја кон Американците во пресрет на приемот во НАТО”, вели Илиеску.

Романија и САД и без тоа војувале заедно во Авганистан и во Блискиот Исток и Романците сакале да покажат дека се сигурен сојузник. “Не сме се мешале во работата на Американците на овој објект”, вели Илиеску. Ако тогаш знаел она што станало познато подоцна, тој немало да го прифати американското барање. “Веќе извадивме поуки дека во иднина треба да бидеме многу внимателни при ваквите барања”, вели поранешниот претседател.

Илиеску дал картбланш

Јован Талпес го потврдува кажаното од Илиеску и дури сподели некои детали околу целата приказна. Во пресрет на 2003 година тој добил барање од претставник на ЦИА за зграда, која евентуално ќе ја уживаат американските тајни служби. Од Илиеску, Талпес добил картбланш да го регулира ова прашање најдобро. Како резултат на тоа, на ЦИА и била обезбедена зграда во Букурешт, која била користема од Американците меѓу 2003 до 2006 година, а подоцна урната. Јован Талпес одбива да ја соопшти локацијата .
Изјавите на Илиеску и Талпес ги разбудија духовите во Романија. Пред неколку години парламентарна комисија долго го истражуваше прашањето дали на територијата на Романија имало тајни затвори на ЦИА, за да стигне во 2008 година до заклучок дека нема никакви докази за транспортот на затвореници, ниту за постоењето на тајни затвори.

Иако деталите се откриени од Илиеску и Талпес, поранешната претседателка на комисијата Норика Николаи, која сега е европратенички од либералната фракција, продолжува да го одржува претходното мислење: “Објект” не значи автоматски затвор. Мислам дека ЦИА едноставно имала канцеларија во рамките на соработката со Романија. Тоа е вообичаено за тајните служби насекаде во светот “, вели Николај во разговор со Дојче Веле.

Претседателката на романската организација за човекови права APADOR-CH, Марија Николета Андрееску ја оценува работата на анкетната комисија како “неефикасна”. Одговорните лица како Илиеску и Талпес не биле испрашувани, а информациите за транспортот на затвореници во Романија не биле проверени пошироко, независно од тоа дека поранешниот главен известувач на Советот на Европа Дик Марти уште во 2006/2007 претставил сериозни индиции за постоење на затворите .

0,,17541740_403,00

Имало ли тортура на луѓе во романски затвори на ЦИА?

Организацијата APADOR-CH ги брани на пример правата на затворениците на ЦИА Абд ал-Рахим ал-Нашири, обвинет за атентатот на американскиот носач на авиони USS Cole во октомври 2000 во Јемен. Ал-Нашири тврди дека од 2003 до 2006 година бил уапсен и измачуван во Романија. Во мај 2012 година тој поднесе тужба против романската држава, по што уште не е донесена конечна одлука. Во јануари оваа година организацијата се сврте кон обвинителството, за да добие детали околу истрагата, но оттаму одбија да дадат информации, поради тоа што таа уште не е завршена.

Извршната директорка на организацијата CRJ Георгијана Јоргулеску, која исто така се обврза со темата за тајни затвори во Романија, ги нарече изјавите на Јон Илиеску и Јован Талпес “многу загрижувачки”: “Исклучително загрижувачки е кога еден дпретседател обезбедува” објект “на тајните служби на странска држава, без да се интересира што точно се прави таму. Главната обвинителство треба да се заинтересира и да се испита дали на територијата на Романија биле мачени луѓе, бидејќи Романија е меѓу земјите кои ја потпишале Конвенцијата против тортура “, вели Јоргулеску.

Во февруари оваа година, Европскиот суд за човекови права ја осуди Полска да плати високи парични казни на двајца приведени и мачени на нејзина територија, кои во моментов се наоѓаат во кампот Гвантанамо. Обвинителството во Литванија, каде што исто така имало таен затвор на ЦИА започна нова истрага во април. Дали Романија ќе го следи овој пример?