Бројот на жртвите од земјотресот во Непал може да достигне 4500 – три пати повеќе од сегашните податоци, предвидува Непалскиот министер за информации Минендра Риџ.
Непалски портали цитираат полициски податоци, според кои повредените се 45 000.Според неговите зборови, во епицентарот на земјотресот со интензитет од 7,9 степени по Рихтер во областа Горки, западно од главниот град Катманду има најмногу жртви. Риџ рече дека армијата продолжува со спасувачката операција со хеликоптери со апаратура за ноќно гледање.
Од националното геолошки друштво рекоа дека по првиот земјотрес во следните осум часа следеле 65 последователни потреси.
Воено-транспортен авион на индиските Воено-воздушни сили со спасувачи и хуманитарци е испратен во Непал. Во авионот има 50 спасители. Кон Непал се упатени уште два индиски воено-транспортни авиони со хуманитарна помош за повредената население.
