Ердоган до државите за ерменскиот геноцид-првин по дома нека си видат што имаат!

од Vladimir Zorba
89 прегледи

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган упати критика  до лидерите на земјите, кои го признале убиството на Ерменците од османлиските Турци во 1925 година како геноцид.

ердоган Таип

Ердоган ги обвини Франција, Германија, Русија и Австрија, чии лидери или парламенти неодамна ги означија убиствата како геноцид, дека го поддржуваат тврдењето, засновано на „ерменските лаги“.

Тој ги обвини исто така и САД дека застанале на страната на Ерменија и покрај тоа што претседателот Барак Обама се воздржа од користење на терминот геноцид во годишната порака во врска со трагедијата.

– Потребно е тие најпрво едни по едни да ги исчистат своите дамки во историјата, рече Ердоган.

Вчера беше одбележана стогодишнината од масовното убиство на Ерменците во 1915 година во Отоманската империја. Историчарите оценуваат дека се убиени 1,5 милиони Ерменци и ова е означено како првиот геноцид на 20. век. Турција тврди дека дека бројот на жертвите е значително помал и оти не станува збор за геноцид.