Кошмар без крај во Непал: Нов моќен земјотрес додека се бројат труповите

од Vladimir Zorba
104 прегледи

Додека бројот на жртвите од катастрофалниот земјотрес од вчера продолжува да расте, земјата во регионот не престанува моќно да се тресе . Околу 9.10 часот. по македонско време имаше нов земјотрес со јачина речиси 7 степени по Рихтер.

zemjotres4

Земјотресот е измерен со интензитет од 6,8 од европските сеизмолози. Тоа е најсилниот секундарен земјотрес во планинската држава која се уште не може да се поврати од шокот. Епицентарот е на 78 километри од главниот град Катманду.

map

Според последните податоци, бројот на загинатите надминува 2.000 лица. Стотици се затрупани под урнати згради, затоа и бројот  на загинатите не е конечен. Повредените се над 5000. Според податоците на ОН, погодени од катастрофата се над 6,6 милиони луѓе. Според последните информации  во моментов земјата продолжува да се тресе  со сила од  5 степени по Рихтер.