Ахмети во друштво на Груби и градоначалникот на Липково, утре заминуваат во официјална посета на Приштина. Партиската делегација оди по покана на Хашим Тачи, информираат од ДУИ.
Првиот интегративец ќе се сретне со премиерот Иса Мустафа и со претседателот на Собранието, Кадри Весели, но и со лидерите на опозициските партии на Косово.
Ахмети ќе дебатира на темата “Што ја очекува Македонија, Албанците и регионот? ” заедно цивилното општество на Косово и претставниците на дипломатскиот кор во Приштина по покана на Институтот за Демократски Развој (Д4Д) и Групата за истражување на политики на Балканот (БПРГ)
