Невладината „Цивил“ која го мониторира референдумот за ГТЦ во општина Центар, соопшти дека регистрирале неколку неправилности.
На дежурните телефони добиле поплаки дека лифтовите во неколку згради во Центар намерно се расипани, според сведочењата на луѓето кои им се јавиле или пак се пожалиле на социјалните мрежи. Понатаму дека се кинеле плакатите од кампањата.
Регистрирале дека на гласачкото место број 2809 на ул. „Народен фронт“ бр. 21, избирачкиот одбор откинал осум гласачки ливчиња сосе делот кој треба да остане во кочанот. А како што велат, имало и проблемите и притисоците врз навните набљудувачи.
Понатаму соопштуваат дека на гласачкото место 2844 има посебен список на граѓани кои се во странство, што буди сомнеж. Во стан на улица Милан Милутиновиќ, луѓето наводно се во странство и се очекува да дојдат да гласаат.
На улица Мирослав Крлежа објектот е во изградба, а таму се заведени пет лица кои треба да дојдат да гласаат. Притисоци и закани има на набљудувачите на Цивил. Од таму велат дека на некои им се одземаат овласувањата, а еден од нив на улица Ѓуро Ѓоновиќ, добил закани, по што и физички бил нападнат.
Повикувајќи се на граѓаните, навладината Цивил јави дека на улица „Народен фронт“ бр. 19 и на уште две адреси на улица „Коста Шашов“ во населбата Капиштец, лифтовите намерно се расипани.
Плакатите од кампањата на Референдумот за ГТЦ се кинеа и во текот на минатата ноќ, а во гласачкото место 2809 на улила Народен Фронт, Избирачкиот одбор откина осум гласачки ливчиња сосе делот кој треба да остане во кочанот
Цивил го набљудува референдумот за ГТЦ со над 100 набљудувачи, од кои 79 се акредитирани во ОИК.
