Средношколскиот пленум одлучил утре, 27 април, во 10 часот да се постапи камп пред Министерството за образование. Најавениот фронт на бојкотот ќе биде стациониран во Паркот на новинари, спроти МОН, а средношколците 24 часа дневно ќе чекаат министерот Абдилаќим Адеми да ги прими на средба.
“На денешниот генерален пленум едногласно се одлучи најавениот фронт на бојкотот пред МОН (во паркот на новинари) да се постави во понеделник, каде ние 24 часа дневно ќе го чекаме министерот да не прими на средба. Повеќе информации ќе бидат објавени во соопштение утре. Само напред соученици, силни, сложни и храбри до КРАЈ! #ПоздравПленумци”-соопштија од пленумот.
Од утре почнува четвртата недела како тие ја бојкотираат наставата.
