Најмалку 50 лица се повредени и 40 уапсени по судирите меѓу навивачите на Црвена Ѕвезда и Партизан, објавија властите во Белград.
Уште пред дуелот меѓу вечните ривали на “Мала Маракана”, приврзаниците на двата тима влегоа во жесток судир, што доведе до одложување на натпреварот со 40 минути.
Навивачите користеа метални шипки и камења, самиот натпревар беше прекинат за околу седум минути поради фрлени факели на теренот.
По дуелот стана јасно дека повеќе од 20 полицајци се повредени, обидувајќи се да ги поделат фанатиците на двата тима.
Дуелот помеѓу Црвена Ѕвезда и Партизан заврши без победник,а Партизан продолжува да води со пет поени над вечниот ривал.