Неуспешен обид на општина Центар и градоначалникот Андреј Жерновски да ја надминат квотата пд 50 % за успешност на референдумот за задржување на ваквиот изглед на ГТЦ, наспроти барокната понуда на премиерот Груевски. На оние кои излегоа 96 проценти беа ЗА, но 56 % од граѓаните на Центар го бојкотираа или не излегоа воопшто на гласање на референдумот. Излезноста беше клучна за неуспехот на референдумот на Жерновски. ВМРО ДПМНЕ го бојкотираше а провладините медиуми воопшто не известуваа и дека се случува. На денот на изјаснувањето , немаше нерегуларности кои би влијаеле на процесот, освен самиот бојкот.
Според граѓанската асоцијација „МОСТ“, која имаше ангажирано свои набљудувачи, излезноста до 18 часот била 37,49 проценти, а до 19 часот 40,46 проценти.
Оттаму посочуваат дека според обработените податоци од 91 процент од гласачките места 96,2 проценти гласале „за“, а 3,8 проценти гласале „против“ референдумското прашање.
Излезноста на референдумот за Градскиот трговски центар до 18 часот е 36,29 проценти, објави Државната изборна комисија.Податоците што ги објави ДИК се од обработени 72 од вкупно 78-те избирачки места во општина Центар.
Градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски синоќа на прес-конференција им се заблагодари на граѓаните кои излегле на референдум и рече дека излезноста била околу 40 проценти, а 95 проценти од нив се изјасниле деке не сакаат да се промени сегашниот изглед на ГТЦ.
– Оваа порака која граѓаните ја испратија кажува само едно – автентичноста на ГТЦ не смее никој да се осмели да ја наруши, рече Жерновски.
ВМРО ДПМНЕ синоќа исто излезе со порака до граѓаните на општина Центар
„Денес во пракса се докажа демократскиот карактер на функционирањето на непосредното одлучување на граѓаните без разлика дали е тоа референдум или е изборен процес.
Би сакал да потенцирам дека ВМРО-ДПМНЕ немаше политичка партиципација на овој референдум освен административна во согласност со законот. На градоначалникот на Општина Центар сакаме да му кажеме дека е време да заврши со своите кампањи и подметнувања и конечно после две години да се зафати со работа, да се однесува како градоначалник и да гради нешто од корист за сите граѓани на Општина Центар. Господине Жерновски доста се вашите кампањи и подметнувања, изработете некој проект, истакна Илија Димовски на синоќешната прес конференција, по повод референдумот во општина Центар во Скопје
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев по соопштувањето на резултатите од референдумот се огласи на својот фејсбук профил со став дека не треба веднаш да се бара виновник.
-Искористивме прекрасна демократска алатка. Го одржавме и подигнавме активизмот и капацитетноста..искористивме прекрасни партнерства и соработки со граѓански активисти на цели кои можат да бидат заеднички.. Во условите на референдум кога со самиот чин на излегување на гласање се испраќа пораката на решителност да се спротивставиш на забеганата власт, а при избирачки список во кој повеќе од 25 проценти гласачи практично не се на адресите кои се водат на избирачкиот список.
Мислам дека успехот е повеќе од добар. Така да досега само критичен осврт видов од борци против режимот. Немојте да бидете храбри борци кои првата помисла дека непријателот против кој се бориме ќе искористи наш половичен успех или неуспех..Веднаш почнуваме да бараме кој тоа е виновен..нема овде виновни. Комплименти за сите што гласаа и сите што се вклучија да го помогнат и поддржат референдумот.
Граѓаните требаше да се изјаснат на прашањето дали се за тоа да се задржи автентичниот изглед на фасадата на Градскиот трговски центар.
За референдумот да биде успешен, на гласање требаше да излезат половина од запишаните избирачи, а барем половина од нив да дадат потврден одговор.
Во избирачкиот список се запишани 43.560 граѓани, од кои 895 се на привремена работа во странство, а 45 се на издржување затвор или притвор во четири затвори низ Македонија. Вчера своето право на глас го искористија 38 затвореници и 7 болни и изнемоштени лица
