Германската амбасадорка: Граѓаните станаа жртви на оваа политика на државните институции

од desk3
106 прегледи

“Во политичкиот дијалог интересот на државата треба да надвладее над партиските интереси што овдешната политичка култура не го покажа. Партиските вработувања во државните институции продолжуваат заедно со мешањето во независноста на медиумите, особено јавниот сервис не само што доведоа до оваа криза туку и граѓаните станаа жртви на оваа политика на државните институции. Сериозните обвинувања за најновите настани и откритија се уште не се соодветно адресирани. Според западните стандарди, политичките последици се неизбежни. Да бидам јасна како и мојот американски колега Хојт Ји. Тоа подразбира оставки како предуслов за транспарентна судска разрешница. Само преку кредибилна истрага кој ја враќа политичката и судска одговорност може да се зачува евраотлантската перспектива”- рече германската амбасадорка во државава Кристине Алтхаузер на денешнот предавање на тема „Интегративниот процес на земјите од Западен Балкан во поглед на актуелниот економски и политички предизвици на ЕУ“.

timthumb
Алхаузер порада дека патот кон ЕУ не е лесен, знаел да биде стрм и исцрпувачки.
“Реформите не се само прашање на донесување закони. Треба да одат подлабоко и навистина да влијаат на начинот на кој работат институциите, парламентот, судството, на политичката и институционалната култура и на целото општество. Демократските принципи, законодавството, доброто владеење треба да се промовираат на одржлив начин. Мора да станат вистински вредности на општеството според кои се води државата. Тоа го подразбира имплементацијата. Знаеме дека ќе има застои на патот, но ги повикуваме властите и луѓето во регионот да не го губат моментумот”-посочи амабасадорката