Помина првата ноќ на камперите -протестанти на Средношколскиот Пленум во паркот на новинарите пред МОН. Преговорите беа неуспешни исто како што се владините министри кои се глуви за барањата и по 14 дена Бојкот и три големи протестни маршеви ., по улиците на СКОПЈЕ, Битола, Стримица, Тетово, Куманово и други градови
Синоќа се играше шах и карти, се водеа долги дискусии. Дел од средношколците времето го кратат со по некоја книга, други со фризби, трети ги поправаат шаторите. Средношколскиот камп пред Министерството за образование и наука беше поставен увчера утро , како начин на радикализирање на средношколското дејствување поради незадоволството од новиот начин на полагање државна матура и екстерното тестирање.
Откако потоа експресно беа повикани на средба во МОН што не заврши со договор, средношколците најавија дека остануваат во кампот, со надеж дека на овој начин ќе ги предизвикаат надлежните да ги сфатат сериозно нивните барање.
Во Паркот на новинарите, кој се наоѓа спроти Министерството, се поставени десетина шатори во кои ноќеска преспаа дел од средношколците од Пленумот. Велат дека засега немаат никакви проблеми, а за кампот имаат добиено уредна дозвола.
„Немавме никакви проблеми, полиција има од утрово до сега, и се менуваат но немаме никакви проблеми.Исто така ова е пријавено и имаме документ со кој што можеме да остануваме, единствениот проблем е со малолетните кои после 11 не би смееле да останат но и тоа планираме да го решиме со правниците од факултетите“, велат за Радио МОФ од Средношколскиот пленум.
Донациите од минувачи ,родители, граѓани не запираат, а за денеска се најавува проширување на кампот од различни училишта и градови.




