Дупката во државната каса надмина 100 милиони евра. Според податоците на Министерството за финансии, буџетскиот дефицит во првите три месеци од годинава е 102 милиони евра, што е повеќе од една третина од дефицитот предвиден да се направи во целата година. Дополнително, овој месец, владата зеде нови кредити од 48 милиони евра, а врати стари од 18,6 милиони евра, односно го зголеми долгот за 29,4 милиони евра-пишува РСЕ

Буџетската дупка веројатно ќе се продлабочува ако се има предвид дека во ек на политичката криза, владата стана подарежлива и најави серија мерки и олеснувања за граѓаните и стопанството за кои не беа предвидени пари. Од друга страна, економистите предупредуваат дека продлабочувањето на кризата ќе влијае и на економијата, па веројатно државната каса нема да се полни според очекуваното што ќе доведе до зголемување на долгот на државата.
Повеќе ТУКА
Фото: Фокус