Средношколците потсетуваат дека нивните барања се пообемни и не се состојат само во матурата.  Во очекување на повторна средба денеска или утре тие порачуваат  дека  барањето е екстерното тестирање да се воведе како што е во Република Словенија, потоа да  биде анонимно и да се спроведува со цел да се најдат грешките во образованието, а не да се испитува знаењето на средношколците, и ред други поинаку конципирани решенија.

Преговорите сигурно ќе продолжат, а средношколците  бараат на следната средба во МОН да  присуствуваат и претставници од кабинетот на Народен правобранител, Хелсиншкиот комитет, Меѓаши, МОСТ.  Во меѓувреме останува кампот пред МОН и продолжува бојкот на наставата.

Околу 70 средношколци синоќа и покрај дождот кој врнеше цела вечер, останаа да преспијат во импровизираниот камп. Како што велат од Пленумот, наставата  во моментов ја  бојкотираат околу 18.000 ученици.

фото Радио МОФ