Нова: Оставки на Мијалков и неколку министри и враќање на СДСМ во парламентот, предлага ЕУ

од desk3
107 прегледи

Преговорите меѓу ВМРО ДПМНЕ и СДСМ кои се одвиваат со посредство на европратениците Едвард Кукан, Ричард Ховит и Иво Вајгел влегуваат во трета рунда кога веќе се очекува да се исцртаат контурите на евентуалниот политички договор кој би водел кон излез од оваа тешка политичка криза во која е западната државата. Постепено, во овие преговори се очекува да се вклучат и ДУИ и ДПА и преговарачкиот процес да се упати кон негова завршница во Собранието преку Собраниска анкетна комисија која ќе биде ад хок создадена за да расчисти со сите контроверзи на ова тешка афера, дознава НОВА од дипломатски извори.

zaev-grujo

За процесот да може да отпочне, ќе треба да се убедат социјалдемократите да се вратат во собраниските фотелји. Се разбира, до тоа нема да може да дојде во актуелната статус кво позиција на која инсистира ВМРО ДПМНЕ. Владата на Груевски ќе мора да се ослободи барем од неколкумина свои битни играчи компромитирани од бомбите на Заев.

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска и првиот директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков се првиот таргет, поради тоа што тешко е да се претпостави ефикасност на новата анкетна комисија доколку портите на УБК и МВР ги чуваат овие двајца битни играчи на Груевски, воедно и директно инволвирани во аферата.

Нивните позиции ќе мора да бидат заменети со личности за кои ќе се обезбеди консензус. Оваа отстапка на Груевски, во чијшто пакет би се нашле и министрите за транспорот и врски Миле Јанакиески и за финансии Зоран Ставревски, ќе го отвори патот за враќање на опозиционерите во Собранието. Оттука произлегуваат и експлицитните временски координирани пораки од официјални Вашингтон и Берлин за потребата од преземање на политичка и морална одговорност која произлегува од содржината на телефонските разговори, како и се позачестените пораки од Брисел дека Македонија во октомври ја губи препораката за старт на преговори доколку нема поместување од мртвата точка во правец на изнаоѓање на политичко и правно решение на оваа криза.

Повеќе  новатв.мк