Во блиско време по улиците на Дубаи ќе се појават полицајци-роботи, кои ќе бидат во помош на луѓето полицајци.
Првите роботски полицајци ќе се појават во 2017 година. Воведувањето во функција ќе биде дел од програмата, чија кулминација ќе биде Светската изложба во 2020 година. Таа ќе се одржи во Дубаи под слоганот “Обединуваме умови, создаваме иднината”.
Полицаецот-робот сепак нема да е Робокап од култниот филм на Пол Верховен. Тој нема да може да трча, брка и стигнува криминалци. Машината ќе служи претежно за олеснување на туристите во Дубаи, а за целта ќе е опремена со интерактивен приказ и микрофон за врска со полициски кол-центар.