Брисел веќе го подготвува октомврискиот извштај за напредокот на Мкаедонија, па ако не биде постигнат напредок, Европската комисија ќе биде во тешка ситуација да одлучи дали повторно да препорача преговори – дециден е евроамбасадорот Аиво Орав денеска пред медиумите
Неизвесно е кога ќе продолжат преговорите во Брисел, партиите се уште на излегле со сериозни предлози за тоа како да се надмине политичката криза, но Европската унија, морам да повторам, е сериозно загрижена за состојбата во Македонија, порача денеска евроамбасадорот во земјава, Аиво Орав.
– Неопходно е да се создадат услови опозицијата да се врати во парламентот, и таму да продолжи дебатата. ЕУ не може да им каже на партиите што да прават, за тоа треба сами да се договорат, а притоа мора да сфатат дека патот кон ЕУ за Македонија е поважен од нивниот партиски и политички рејтинг и да разберат дека не постојат совршени решенија. Компромисот не значи дека нешто не е добро – нагласи Орав.
