Претседателот на Чешка Милош Земан фрли нова политичка бомба и објави дека смета дека поранешниот премиер и актуелен министер за надворешни работи на Косово, Хашим Тачи е воен злосторник.
Земан изјави во интервју за српскиот Вечерње новости дека лично тој не ја признава независноста на Косово и поради оваа причина не праќа амбасадор во Приштина. На прашањето што му пречи на барањето на ЕУ за нормализирање на односите меѓу Србија и Косово чешкиот претседател одговара: “Се зависи од она што ќе се разберат Србија и Косово. Според мое размислување секоја интервенција од страна може да биде непродуктивна “, вели Земан.
Тој уште истакна дека не смета дека признавањето на Косово ќе биде услов за членство на Србија во ЕУ, бидејќи пет земји членки не ја признаваат косовската независност.
