Откако синоќа лидерот на опозицијата Зоран Заев повика на сенароден протест за 17 мај, обелоденето и официјаното обвинение за преврат, против него и уште петмина во случајот „ Пуч“.
Од Основниот суд 1 во Скопје потврдија дека е поднесен обвинителен акт за случајот Пуч, меѓу кои еден од обвинетите е лидерот на опозицијата Зоран Заев. Обвинението е пристигнато во судот и предадено е на судски совет кој дополнително го разгледува.Од судот не соопштуваат повеќе детали. Обвинетите имаат право на приговор и жалба на обвинението, во рок од 15 дена, по што до колку тоа биде одбиено, ќе биде закажан судски процес.
Зоран Заев, Зоран Верушевски, и вработени во полицијата се обвинети дека преку употреба на незаконски средства на следење и шпиунирање со упатување на сериозни закани кон високи државни функционери сакале да извршат преврат и да изнудат разни услуги.
Соопштението за обвинителниот акт против Заев следува набргу откако тој од Кавадарци, синоќа во својот говор најави дека на 17-ти Мај во Скопје ќе се одржи голем сенароден протест, по кој што нема повлекување се до исполнување на барањата на опозицијата
