Македонската сиромаштија со 102 денара дневно

од Vladimir Zorba
108 прегледи

Стапката на сиромашни лица во Македонија во 2013. година изнесувала 24,2 отсто, објави Државниот завод за статистика, врз основа на податоците од Анкетата за приходи и услови за живеење која се спроведува во согласност со препораките на Европската унија.

777777 (1)

Податоците покажуваат дека најголема е стапката на сиромаштијата кај домаќинствата составени од двајца возрасни со две издржувани деца во 2013 година и изнесува 24,8 проценти.

Според најфреквентниот статус на економска активност, стапката на сиромашни вработени лица е 11,1 проценти, додека стапката на сиромашни пензионери е 10,9 отсто.

индикаротро

Коефициентот Gini, односно мерката за нееднаквоста во распределбата на приходите изнесува 37 проценти.

Бројот на лица кои живеат под прагот на сиромаштијата во 2013 година изнесува 500.400.

Податоците покажуваат дека 40,3 отсто имале потешкотии со плаќање кредит или сметки за комуналии, 70,6 отсто не можеле да си овозможат да платат еднонедел одмор во текот на годината, 23,7 отсто да имаат автомобил…

Основа за пресметките на сиромаштијата се приходите, а прагот на сиромаштијата е дефиниран на 60 отсто од медијалниот еквивалентен приход.

Споредно со  европските статистички стандарди. Во 2013 година прагот на сиромаштија за четиричлено домаќинство со две деца под 14 години изнесувал 147.578 денари годишни приходи или 12.298 денари месечно или 3.074 денари месечно за член, односно секој член живеел со по 102 денари дневно.