Очевидци на ужасот од Синдикалниот дом во Одеса, во кој загинаа 48 лица, тврдат дека година по трагедијата истрагата не дошло до никаде, информира рускиот телевизиски канал RT.
Обвинителството на Украина до моментов не можела да ја заврши истрагата и да ги казни виновниците за пожарот, иако порано Министерството за внатрешни работи на земјата призна дека во Синдикалниот дом 32 лица загинале не од пожарот, туку од непозната материја.
Неодамна, сепак првиот заменик на јавниот обвинител на Украина Владимир Гузир направи соопштение во кое негираше дека се користени отровни гасови, вклучувајќи и хлороформ. Во пресрет на годишнината од трагедијата во Одеса беа одржани и масовни апсења на учесници од опозиционото движење на соработници од Службата за безбедност на Украина.
Година по трагедијата еден од активистот на Антимајдан Александар Јакименко тврди дека за цела година ниту еден претставник на властите во Украина не се ни обидел всушност да ги испита причините за пожарот и да ги бара виновниците.
“Навреда ми е што во изминатото време никој во Украина не се обиде да разбере што се случило. Инспекторите не се заинтересирани за тоа што се случило таму. Не се ни заинтересирани за тоа како луѓето умираа и каде исчезнаа труповите на баби и дедовци кои беа таму. На 4 мај наутро пред една година бев во Синдикалниот дом заедно со адвокат, ја обиколував изгорената зграда и им ги видов чантите . По неколку часа исчезнаа дури и оние кеси “, раскажува Александар Јакименко.
“Ниту еден од овие 25 истражители ангажирани со случајот, не се праша што се случило и каде исчезнаа овие трупови”, нагласува уште активистот.
Тврдењата на Јакименко се потврдуваат и од командант на движењето Куликово – Валери Кауров:
Сега во моментов апсат учесници од настаните во Куликовската област,ги обвинуваат токму настраданите, но не и напаѓачите одговорни за тоа. Само на двајца од нив им беа покренати некакви обвиненија, по што ги натераа да војуваат во Новоросија и ниту еден од напаѓачите не е обвинет “, раскажува Кауров.
Целиот свет денеска се сети за жртвите од Одеса. Во Москва им оддадоа почит на загинатите со минута молчење пред амбасадата на Украина, каде се собраа неколку стотици луѓе. Тие побараа да бидат пронајдени и казнети организаторите и изведувачите на погибието. Според нив веќе има собрани докази кои докажуваат дека нападот врз поддржувачите на Антимајдан беше претходно планирано и подготвено.
Сеќавање на загинатите имаше денес во Австралија и Велика Британија. Во малото италијанско гратче Лериано – Лагето денес беше откриен споменикот на жртвите. Властите на градот објаснија дека тоа не е политичка одлука, туку чин на христијанско милосрдие.
Во спомен на жртвите од Одеса точно во 12 часот денеска во Донецк свиреше сирената за воздушна тревога, а кон неа се приклучија и збир од сирени на десетици автомобили.
