Груевски во Куманово не кажа кој од членовите на неговата влада е изморен но додаде дека во последниот период имало одредени забелешки за работата на третиот ешалон.
167
Груевски пред сигурен реизбор за лидер на владеачката ВМРО ДПМНЕ. Тој пред избраните свои делегати и сигурни поддржувачи оцени дека се најдобри, а како мана дека биле преамбициозни, и дека сега ќе менува ќе става нови луѓе, нови министри и функционери, бидејќи овие ги преморил.Прифаќа и дека грешеле , по нешто, ама главно е дека се победници и дека тој секако сака нов мандат и нова ера на владеење.
“Тимот што победува не се менува, но дел од играчите, кои се замориле, треба да се одморат некое време.” Со овие зборови на конгресот во Куманово лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, најави кадровски промени во владата кои го добија името „Нов бран 2015“.Во својот говор пред делегатите на 15. Конгрес тој поднесе извештај за активностите на ВМРО-ДПМНЕ во изминатите четири години и рече дека е задоволен од постигнатото во овој период. Сепак, Груевски смета дека е потребно тимот да се освежи.”Тимот што победува не се менува, но дел од играчите, кои се замориле, треба да се одморат некое време”, рече Груевски.
СО овој настап се потврдуваат информациите на локално.мк, дека Груевски како понуда до СДСМ и меѓународната заедница ќе направи голема реконструкција на владата, и ќе ги тргне спорните министри на ВМРО ДПМНЕ и на ДУИ. Тоа би се направило во два наврата првата во текот на овој месец, и втората на крајот на летото. Со тоа Груевски би останал и натаму премиер, колицијата би ја задржала власта , а опозицијата би требало да се врати во парламентот.
Тој би ги прифатил и другите точки од барањата, освен техничка влада, бидејќи според него тоа би било удоволено со реконструкцијата, и тоа според стратегијата би требало да ги задоволи странците.
НА вчерашното обраќање пред конгресот тој дури и покажа спремност и за истрага за бомбите на Заев и одговорност за функционерите од ВМРО ДПМНЕ ако се докаже дека некој згрешил. Тој и натаму опстојува на ставот дека разговорите кои ги објавува опозицијата се, како што рече, монтирани, сечени и лепени, но и дека иако имало такви од редовите на партијата кои подлегнале на нив, но тоа сепак тврди, го зајакнало поголемиот дел од партиското раководство.
Нашиот став е да има истрага и за нивните прекршувања на законите, но и за она за што нас не обвинуваат.
Ние сакаме да има истрага, ако во таа истрага се покаже дека некој од нас нешто погрешил, нека одговара во таа истрага. Ние ќе постапуваме европски, иако токму ваков случај нема во Европа каде што шефот на опозицијата со месеци пушта нелегални материјали, а голем број медиуми ги објавуваат.
Пред делгатите на ВМРО-ДПМНЕ говореше и генералниот секретар на ДУИ, Абдулаким Адеми. Побара Ахмети директно да биде вклучен во решавањето на актуелната политичка криза.
Иако Груевски признава дека во изминатите четири години биле направени и грешки, сепак рече дека развојот на економијата, влезот во НАТО и ЕУ и натаму остануваат приоритет со тоа што повторно ја посочи Грција како единствена блокада.
Груевски, кој е претседател на ВМРО-ДПМНЕ од 2003 година, е единствен кандидат и за лидерската позиција во партијата. Неговиот реизбор ќе биде потврден веројатно со акламација и едногласно денеска , на вториот ден од Конгресот.

