Формиран и Родителски пленум

од desk3
183 прегледи

Формиран е и Родителски пленум за поддршка на средношколците кои од понеделникот кампуваат пред МОН . За понеделник свикуваат средба пред гимназијата Јосип Броз Тито.

“Почитувани родители на средношколците од Скопје и Македонија, Родителски Пленум ве повикува на ЗАЕДНИЧКА РОДИТЕЛСКА СРЕДБА на сите училишта утре (понеделник) во 17:00 часот, на платото пред гимназијата Јосип Броз Тито во Скопје. Цел на средбата е да размениме информации за бојкотот на наставата и случувањата во училиштата во кои учат нашите деца. Ве молиме да дојдете како родители, а без никакви партиски обележја или ставови, само со искрена желба за поддршка на нашите деца”-се огласија родителите денеска преку соопштение.

Средношколците велат дека се охрабрени од поддршката.

PLEN

Средношколците испратија и писмо до вицепремиерот Пешевски во кое, велат дека не се гледа на вистината в очи.

“Кoгa интелектуaлнaтa елитa: студентите, прoфесoрите, нaстaвниците и учениците oд нaјелитните средни училиштa oд држaвaтa се нaoѓa нa улиците, a не вo oбрaзoвните устaнoви, кaде инaку им е местoтo вo слoбoдните oпштествa пo дефиницијa, a кoгa никoј oд вaс тоа не гo зaбележувa и сo сите сили се oбидувa дa гo игнoрирa, тoгaш жaлнa е таа „демoкрaтијa” зa кoјa пoстoјaнo збoрувaте”- е наведено во писмото.

Веќе над 20 дена средношколците ја бојкотираат наставата. Досега нема постигнато никаков договор од двете засегнати страни и по четири одржани средби.