И ДУИ се вмешува во “политичката манџа”, Џафери и Груби ќе реферираат во Брисел 

од desk3
116 прегледи

Заменик-претседателот на Владата, Муса Џафери и пратеникот на Демократската унија за интеграција , Артан Груби ќе престојуваат во тридневна посета на Брисел.

images
Џафери и Груби, соопшти ДУИ, ќе остварат средби со европарламентарците, Иво Вајгл и Едуард Кукан, претставници од Комисијата за проширување и соседство, Ален Ле Роа, генерален секретар на Европската служба за надворешна политика, Луис Фелипе Фернандо Де Ла Пена и Ана Везироглу од кабинетот на Могерини и други претставници од институциите на Европската унија.

Двајцата високи финкционери од ДУИ исто така ќе го посетат и седиштето на НАТО во Брисел. На средбите, Џафери и Груби ќе ги презентираат ставовите на ДУИ од последните случувања во Македонија, како и напорите да се овозможи враќање на земјата кон приоритетната агенда, Евро-атлантската интеграција на Македонија, стои во соопштението.