(Обновена) Фрлена бомба во седиштето на ДУИ- дете повредено!

од Vladimir Zorba
109 прегледи

Синоќа две лица во движење од мотор, фрлиле бомба кашикара врз седиштето на ДУИ во Мала Речица.

selia-bdi-418x215

Во седиштето на ДУИ во тој момент имало само чувар и  во моментот на експлозијата тој  бил внатре во просториите.Од експлозијата на кашикарата не бил повреден тој , а сеуште не е познато и кои се лицата кои ја фрлиле бомбата .

Забележани се помали оштетувања на ѕидот на седиштето на ДУИ, а по експлозијата, двајцата бомбаши  избегале.

Според информациите, на теотова сот, повредено е дете во близина на куќата на ДУИ, каде што бил фрлена бомбата . Детето е однесено во Клиничката болница во Тетово. Засега нема информации за неговата возраст и за здравствената состојба.

Истражни и полициски тимови работат на расчистување на случајот.