МВР- Нема повредени од бомбата фрлена врз седиштето на ДУИ

од Vladimir Zorba
81 прегледи

Непозната експлозивна направа била активирана најверојатно со фрлање во близина на седиштето на ДУИ во тетовската приградска населба Мала Речица, информира портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

selia-bdi-418x215

Вo полицијата, детонацијата е пријавена во 21 часот и 50 минути по што екипа на СВР Тетово излегла на терен.

При првичниот увид е констатирано дека од детонацијата нема повредени лица, ниту пак е причинета материјална штета на објекти или предмети, освен на коловозот каде имало кратер.  Надлежните органи работат на откривање на мотивите и на сторителот, се вели во информацијАТА НА мвр

Според порталот тетова сот  бомбата била фрлена од движење од две лица на мотор. Од експлозијата не бил повреден чуварот кој бил внатре во седиштето во Маа Речица,  но едно дете од ближните куќи се здобило со мала повреда. Според истиот извор тоа веднаш било згриѓено во  тетовската болница.

За сега МВР без детали освен штурата информација од тетовската полиција.