Двајца загинати, 8 тешко повредени во бунт во грчки затвор (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
86 прегледи

Двајца затвореници загинаа, а најмалку 21 беа повредени во судирите во затвор во грчката престолнина Атина, пренесе АФП, повикувајќи се на грчкото Министерство за правда.

prisoners
Инцидентот се случил во неделата вечер. Според извор близок до истрагата,кога  две групи затвореници од различни националности – Албанци и Пакистанци, влегле во битка со импровизирани оружје во затвор “Коридалос” во западното предградија на Атина. Причината за судирите останува непозната. Осум од повредените се во тешка состојба.