Денеска последен ден за пријави за државна матура

од Vladimir Zorba
108 прегледи

Учениците од завршните години во гимназиското образование во текот на дешениот ден до училиштата треба да достават нова пријава за полагањето државна матура, објавена на интернет страницата www.matura.gov.mk.

drzavnamatura-540x320

Со оглед дека денеска е краен рок за поднесување пријава, за оние кандидати кои нема тоа да го направат во овој рок ќе важи последната доставена пријава до училиштето.

Екстерните испити од државната матура по мајчин јазик и литература ќе се реализираат на 11 јуни, по странски јазик на 15., математика на 17. и хемија, физика, биологија, историја, бизнис, филозофија и естетика на 19 јуни.

Сите испити, како што соопшти Државниот испитен центар, почнуваат во 10 часот.

Прелиминарните резултати од екстерните испити на кандидатите ќе им бидат достапни најдоцна 30 дена од спроведувањето на последниот екстерен испит.

Државниот испитен центар информира дека полагањето на тестовите државната матура, која во учебната 2014/2015 година ќе се имплементира согласно досегашната Концепција за државна матура и завршен испит, ќе се врши единствено во писмена форма и предметот математика ќе биде изборен за сите ученици.