Надворешно-трговската размена во првото тримесечје 2,5 милијарди долари

од desk3
86 прегледи

a2933848c76c2447a1b45ecf27096221

Вкупната надворешно – трговска размена во периодот јануари – март изнесува 2.482.051 илјади американски долари. Извозот изнесува 1.025.076 илјади долари, а увозот 1.456.975 илјади долари.

Според податоците објавени денеска од страна на Државниот завод за статистика, покриеноста на увозот со извоз е 70,4 проценти, а трговскиот дефицит 431.899 илјади долари.

Најмногу се извезувале катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, фероникелот, сетови на проводници за палење и слично, производите од железо и челик (валани производи) и облеката. Во увозот пак најмногу биле застапени платината и легурите на платина, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали, електричната енергија и другите метали од платинската група и нивните легури.

Најголемо учество во извозот на стоки имаат земјите-членки на Европската унија и земјите од Западен Балкан, а најмногу се увезувало од земјите-членки на Европската унија. Најмногу се тргувало со Германија, Велика Британија, Србија, Грција и Бугарија./МИА