Околу 30 компании заинтересирани за некогашниот имот на Субрата Рој во Џумајлија

од desk3
113 прегледи

sr

Околу 30 фирми се пријавиле на огласот за пројавување интерес за закуп на земјоделското земјиште во „Џумајлија“, соопшти денеска ресорниот министер Михаил Цветков.

– Во тек е разгледувањето на понудите. По изборот на најдобарата, ќе биде распишан и огласот за издавање под закуп на ова земјиште, рече Цветков.

Министерството за земјоделство во март годинава го објави повикот за интерес за закуп за земјиштето во Џумајлија кое му припаѓаше на индискиот бизнисмен Субрата Рој, а рокот за поднесување бизнис планови беше до 22-ри април.

На лицитација беа четири географски целини со вкупна површина од 4.435 хектари чија почетна цена се движеше од 89.000 евра до околу 102 илјади евра зависно од нивниот квалитет, локацијата и големината.

Лани Македонија еднострано го раскина договорот со компанијата на Субрата Рој „Сахара Индиа Паривер“, бидејќи компанијата не ги испочитува условите од договорот. Министерството за земјоделство ја активираше банкарската гаранција од три милиони евра./МИА