Обелоденувањето за вистината за обидот на власта на кој начин да го забошоти убиството на 21 годишниот Мартин Нешковски преку денешните објавени разговори на врвот на власта и МВР, повеќе граѓански асоцијации организираат протест пред владата,вечерва во 18 часот.

Мотото е стоп на полициската бруталност. Протести за убиството на Марти Нешковски и револтот што МВР два дена криеше за грозоморниот чин,и тогаш,пред 4 години одржуваа со денови млади Скопјани,но тогаш тие во јавноста од власта беа наречени “комуњарски“ а на граѓаните и, пред се, на семејството на младото убиено момче до ден денеска власта не им ја кажуваше.
Со денови Александар Нешковски,братот на убиениот Мартин, со стотици млади протестираше и ја бараше вистината,кој го уби и зошто власта го крие и извртува грозоморниот чин.
Во меѓувреме почина и таткото на Мартин, не дочекувајки ја вистината кој го уби неговиот син./Либертас