Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, тврди дека телефонските разговори кои ги објави Заев на денешната прес конференција во врска со убиството на Мартин Нешовски се сечени и монтирани.
,,Заев продолжува со објавување на материјали кои немаат врска со реалноста сакајќи да го свртат вниманието на јавноста преку злоупотреба на туѓа смрт и семејни судбини … Од неговата прес конференција се потврдија неколку работи не постоеше никаква формална пријава, немаше сознанија дека има убиство “ изјави Јанкуловска на денешната прес конференција во Владата.
Видеото од прес-конференцијата можете да го погледнете ТУКА.