Бројот на демонстрантите пред Владата на РМ од час на час сè повеќе се зголемува. Бидејќи е пробиен првиот кордон, нов кордон на полицајци е поставен пред самиот влез на Владата.
Демонстрантите ја гаѓаат Владата со јајца извикувајќи „Грда ви е Владата.“
По последната бомба на Зоран Заев, во која беа пуштени разговори поврзани со убиството на Мартин Нешковски, илјадници граѓани по повик на братот на Нешковски, се собраа на протест пред Владата. Полициски службеник ја отворил рампата пред Владата за демонстрантите да влезат во дворот на владиниот објект и го напуштил работното место.


