Протестите по повод убиството на Мартин Нешковски пред Владата на Република Македонија продолжуваат. Бројот на граѓани постојано се зголемува.
По пробивот на првите барикади, демонстрантите на чело со братот и мајката на Нешковски, се доближија пред влезот на самата Влада и започнаа да ја гаѓаат фасадата со јајца, домати и компири.
Знамињата во дворот на Владата народот ги спушти на половина копје, скандирајќи „Убијци, убијци“, „Нема правда, нема мир“, и барајќи оставка од министерката Јанкуловска и целата Влада на Груевски.

Пред Владата се вејат државни македонски и албански знамиња, транспаренти и пароли, но без партиски знамиња.
