Расте тензијата пред владата- Народот не си оди, доаѓаат сè повеќе полицајци

од Vladimir Zorba
184 прегледи

Како што одминува времето така растат тензииите и бројот и на граѓаните и на полицајците пред владата . Специјалните единици под полна опрена се на готовс а во улиците околу владат се стационирани полициски возила за борба содемонстранти и новите возила со водени топови.

IMG_0186

Народот пред владината зграда не заминува, а повремено се зголемува притисок врз полицајците кои со штитови го бранат влезот и својата полициска линија. Некои од демонстрантите удираат со стапови врз штитовите на полицајците, беше скршен и еден прозорец.

protest4

 

Демонстрантите довикуваат „Дојдете со нас“,„Спуштете ги штитовите, имате ли деца?“, „Спуштете ги штитовите, имате ли совест?“ кон полициските сили. Жените ги повикуваат чуварите на редот да си одат дома, зашто „сите се бориме за подобра иднина. На почетокот на протестот, еден полицаец го фрли штиот , и го  тргна полицискиот браники  и ги пушти граќаните , повикувајќи дека не сака да се противи на народ

  protest 2

Популарните специјаци „желки“ ги заменија колегите полицајци и сега оваа  единиците за брза интервенција,  се распоредени во 4 реда во полна опрема, со шлемови и штитови.