
Со став се јави Студентскиот Пленум каде се вели :
Денес пленумци и пленумки беа брутално тепани од полицијата додека беа на протест против полициска бруталност. Нема да ви ќутиме. #ПоздравПленумци, објави Студентскиот пленум на социјалната мрежа Фејсбук.
За денеска се најавува и реакција на новинарскиот синдикат, поради недоследен однос кон новинарите кои го следеа настанот. Полицијата ги бркала и грубо се однесувала кон новинарите кои известувале за настанот, ги буткала заедно со деонстрантите, а како што јавија известувачите од терен, пред Владата бил нападнат и постар колега Зоран Иванов.
Како што претходно објавивме, во вечерашните протести пред Владата, се приведени и повредени се повеќе полицајци а еден човек во цивил е потешко повреден и пренесен во болница, но нивниот идентитет не е познат.
Во судирот помеѓу полицијата и демонстрантите имало и повредени, но од МВР велат дека со повеќе информации ќе излезат во текот на утрешниот ден.
Во продолжение, видео на порталот mkd.mk од атмосферата за време на вечерашниот протест, во моментот кога полицијата се обиде со сила да ги разбие демонстрантите.



