“Исламска држава” отворила хотел со пет ѕвездички во ирачкиот град Мосул, објавија иранскиот телевизиски канал Press TV.
Според податоците на каналот членови на “Исламска држава” објавиле фотографии на поранешната зграда на хотелот “Наинава интернешенел”, која била специјално реновирана за командантите на џихадисти.
Хотелот беше затворен минатата година, кога ИД зазеде дел од провинцијата Ниневија, каде е лоциран Мосул. Во него на 11 ката се наоѓаат вкупно 262 соби. На теритиоријата на хотелот има тениски игралишта, базен и направена од мермер рецепција. Околу хотелот се наоѓаат палмови градини.
Џихадисти го промениле името на хотелот “Waritheen”, што значи на арапски “наследници”.
