(Видео) Полициска бруталност врз студентите во читалната „Браќа Миладиновци “Скопје

од Vladimir Zorba
102 прегледи

Демонстрациите во текит на изминатата ноќ ескалираа брзо, оставајќи повредени и приведени лица. Околу 23 часот, полицијата влегла во читалната „Браќа Миладиновци“ и ги нападнала студентите кои биле таму барајќи демонстранти помеѓу нив. Не им било свативо на полицајците како тоа некој во 23 учи у библиотека и им се дереле на сите

Студентски пленум објави денес за оваа вест. На социјалните мрежи беа објавени и повеќе видеа.

„Заедницата на социјалните мрежи споделува монструозни и за жал вистинити наводи дека специјалците вечерва влегле и во читалната “Браќа Миладиновци”, додека бркале некој од демонстрантите!

Според досегашните информации, влегле 50 желки и почнале да ги бркаат и буткаат студентите без никаква причина, притоа заканувајќи им се дека ќе добијат кривични пријави под никаква основа!

НЕМА ПРАВДА, НЕМА МИР!

#ПоздравПленумци“