– Нашите барања се кривично да одговара нелегитимната власт, а не само да си поднесе оставка. Да има командна одговорност во МВР и тие да одговараат кривично за злосторството што го направија – изјави Нешковски.
Покрај денешниот протест во 18 часот во Скопје, за денеска во исто време е закажан протест и во Битола.
Во најавата за протестот во Битола се вели:
„По обелоденувањето на снимките на кои се потврдува скривањето на убиството на Мартин Нешковски од страна на власта, и протестот во Скопје, и Битола повторно се приклучува на протестите против полициската бруталност! Солидарно и сите заедно за подобра иднина! Планот е да се пречекаме кај фонтаната, и да продолжиме преку Широк сокак до МВР.За подбор а иднина за сите!“.
